Зборовите на Петре М. Андреевски

petre01.jpg

Пред некој ден, средувајќи ги фиоките, ја најдов тетратката од средно каде наместо домашни, запишував цитати од книгите кои ме фасцинираа. Кога во тетратката снема празни листови, со лепење додавав нови. Разгледувајќи ја, само уште еднаш си потврдив дека Петре М. Андреевски ќе ми остане еден од најчитаните автори, неговите книги ми е жал да ги сместам во кутиите за скалдирање на таван, тука ми се, си ги препрочитувам пред спиење. И еве со вас, споделувам парчиња од тетратката со зелени корици, во која сум запишала делови од книгите на Андреевски.

„Не се рекло напразно дека секоја жена си чува солзи само за еден човек.“

„Секој човек си го планира некако животот. Но, никој не знае кај згрешил кога ги повлекувал правите и криви линии, допирните точки, острината на аглите. Не може ни со сигурност да се објасни кај му измрдала либелата. Можеби некој ден ќе го открие тоа, но ќе го открие кога не ќе може нешто да измени…“

„Останало животворната вистина да ја откриеме откако ќе сфатиме дека не можеме да живееме оддалечени од некого, без кого не можеме“.

„Сега дури сфаќам дека и среќата и несреќата ги разбираме откако ќе нема со кого да ги делиме“ – од романот „Тунел“, 2003

vecni-citati-od-vecniot-petre-m-andreevski-za-80-ot-rodenden-3

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“

„На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш“.

„Ама срцето човечко било бунар: само се полни, а не се преполнува“.

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“ – од „Пиреј“, 1980

„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“.

„Молњата што минува низ тебе во мене се одразува и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“.

vecni-citati-od-vecniot-petre-m-andreevski-za-80-ot-rodenden-1

„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“.

„Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот“.

„Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, сè што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш.

„По нејзината воздишка го запомнував воздухот за да можам да ја стигнам, незабележан од никого, но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот“.

petre02

„Дениција“, 1968

„Немало крај женското тело што толку искрено ти се подава. И немало доодување. Никогаш не знаеш кој дел е позначаен и повозбудлив: дали оној што ти ги наполнил рацете или оној што ти избегал од раце?“

„И маската, што е маска, не кажува дека магарето ѝ е татко. Секогаш ќе ти рече дека коњот ѝ е вујко. Така и човекот…“.

www.hybread.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail