Здравствените предности на брадата: Штити од УВ зрачења и го забавува стареењето

brada.jpeg

Без обѕир на тврдењата дека брадата веќе не е во мода и дека “повеќе не е кул”, многу мажи и понатаму ја носат, а најновите истражувања покажуваат дека брадата има и бројни здравствени предности.

Резултатите од студијата која ја спровеле истражувачите од универзитетот Квинсленд покажале дека брадата ги штити мажите од штетните УВ зраци дури до 95% и дека нејзиниот “заштитен фактор” е 21.

“Секако, брадата нема да Ве заштити колку кремите со заштитни фактори, но таа сигурно ќе блокира дел од штетните УВ зраци”, наведува професорот Париси кој е автор на студијата.

Исто така, тој истакнува дека ниската изложеност на зраците значи дека брадата може да го забави стареењето бидејќи, помеѓу останатото, ја штити кожата и од создавање на брчки. Истражувачите порачуваат дека тоа значи и помал ризик од рак на кожата.

“Изложувањето на сонце е главниот причинител за оштетување на кожата и според тврдењето дека брадата ја штити кожата од стареење има смисла. Тоа значи помалку брчки и старечки пеги кои често се појавуваат на лицето”, вели д-р Адам Фридман.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail