Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија повикува на смиреност и следење на информации само од официјални институции

TM-picture-2.jpg

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија реагира на актуелните недоразбирање поврзани со објавените вести во дел од домашните медиуми во врска со раскинувањето на договорот за взаемно признавање на дипломите со Турција.

Од здружението кое ги обединува во едно сите дипломирани студенти од турските универзитети велат дека се превземени сите неопходни чекори и повикуваат сите затекнати лица од оваа состојба да ги земаат во предвид само информациите дадени од официјални институции.

„Забележавме дека вестите поврзани со укинувањето на билатералната – Спогодба за меѓусебно признавање на свидетелства, дипломи, квалификации, научни степени и звања стекнати во Република Македонија и Република Турција, од страна на Република Турција создаде грижа во образовните кругови и меѓу студентите и родителите. Од моментот кога овие вести беа објавени, Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети ги превзеде неопходните чекори и ги контактираше институциите и во нашата држава и во Република Турција.

За да ги заштитиме нашите дипломци и студенти кои ги продолжуваат нивните студии во Република Турција, оваа тема беше внимателно разгледана со нашите соговорници. Имајќи ги предвид дезинформациите што се присутни во јавноста, сакаме да ја истакнеме важноста да останеме смирени и ве повикуваме да не ги земате предвид објаснувањата, освен оние дадени од страна на официјални институции“, велат Исмаил Алији и  Џеладин Џули, Копретседатели на Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети.

Од здружението најавуваат дека како и досега ќе продолжаат посветено да работат на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат дипломците и студентите на турските универзитети.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail