ЗДСТУМ: Да се верува само на официјални информации за признавањето на дипломите

turski-studnti.jpg

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија ги повика сите лица кои се засегнати со раскинувањето на договорот за взаемно признавање на дипломите со Турција да им веруваат само на информациите дадени од официјалните институции.

– Забележавме дека вестите поврзани со укинувањето на билатералната – Спогодба за меѓусебно признавање на свидетелства, дипломи, квалификации, научни степени и звања стекнати во Република Македонија и Република Турција, од страна на Република Турција создаде грижа во образовните кругови и меѓу студентите и родителите. Од моментот кога овие вести беа објавени, Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети ги превзеде неопходните чекори и ги контактираше институциите и во нашата држава и во Република Турција, се наведува во денешното соопштение.

Копретседателите на Здружението Исмаил Алији и Џеладин Џули истакнуваат дека студентите треба да останат смирени и да ги земаат предвид само информациите објавени од официјалните институции.

– Имајќи ги предвид дезинформациите што се присутни во јавноста, сакаме да ја истакнеме важноста да останеме смирени и ве повикуваме да не ги земате предвид објаснувањата, освен оние дадени од страна на официјални институции, велат Алији и Џули.

Од Здружението најавуваат дека ќе продолжаат да работат на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат дипломците и студентите на турските универзитети.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail