Земјата ќе се најде на удар на силна соларна бура

sonce_eksplozija_01-678x381.jpg

Планетата Земја во текот на денешниот ден ќе се најде на удар на густа и моќна соларна бура, соопшти американската Национална агенција за океаните и атмосферата (НОАА).

„Поради неочекувано коронално исфрлање на маса од страна на Сонцето, можно е да се очекува и умерена геомагнетна бура“, се наведува во соопштението на НОАА.

Според американскиот метеоролог Тамити Сноу, во текот на ударот на бурата можни се пречки во работата на ГПС уредите и потешкотии при користењето на радио станици.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail