Земјоделски факултет на 65. Научна конференција на Универзитетот по хранителни технологии во Пловдив

a2fb8d4e4120bcb12d9c26e25eac6030_XL.jpg

Претставници од Земјоделскиот факултет, во периодот од 10 до 12 октомври, учествуваа на 65. јубилејна Научна конференција во организација на Универзитетот по хранителни технологии во Пловдив.

На јубилејната конференција учествуваа претставници од универзитети од Русија, Полска, Јапонија, Кина, претставници од повеќе универзитети од Бугарија, како и претставници од Земјоделскиот факултет при УГД, предводени од деканот проф. д-р Љупчо Михајлов, кој воедно беше дел од официјалниот почеток на конференцијата, како и на средбата со деканите и ректорите на сите универзитети гости на конференцијата.

Јубилејната конференција овозможи презентирање на дел од активностите на Земјоделскиот факултет, како и можност за размена на контакти и отворање можности за идни соработки со други институции.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail