Жена на 67-годишна возраст роди бебе

bebe.jpg

Гркинка роди здраво девојче на 67-годишна возраст, но детето и припаѓа на нејзината ќерка, објави грчкиот весник „Етнос”.

Девојчето е родено со „царски рез“ во 31-та седмица од бременоста, тежи нешто повеќе од еден килограм и моментно е во инкубатор. Лекарите соопштија дека и новороденчето и жената се добро.

Ќерката и зетот на родилката во минатото имале неколку неуспешни обиди за вештачко забременување и по консултација со лекари специјалисти, се решиле за сурогат мајка. Старицата прифатила и ембриотрансферот е направен во мај годинава по одлука на суд.

Овој е прв ваков случај во историјата поради две одлики. Прво, поради тоа што сурогат мајката е и баба на бебето и второ, таа е највозрасната сурогат мајка, откако ги надмина досегашните рекордерки – 61-годишна жителка на Чикаго и 57-годишна Англичанка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top