Жена со „супер моќ“ ја намирисува Паркинсоновата болест

gejss.jpg

Жената со име Џој Мајлн има „супермоќ“ – таа може да ја намириса Паркинсоновата болест и им помага на истражувачите да развијат прв дијагностички тест од тој вид.

Болеста е предизвикана од губењето на нервните клетки во реонот на мозокот одговорен за создавање на допамин, и предизвикува неконтролирано треперење, забавување на движењата, вкочанување и нефлексибилност на мускулите како и мноштво други симптоми меѓу кои депресија, анксиозност, несоница и губење на меморијата.

Моментално за неа не постои лек, а дијагнозата се базира исклучиво на опсервирање на симптомите.

Mажот на Џој, Лес, ја имал болеста, а таа забележала промена во неговиот мирис години пред да биде дијагностициран. Потоа се приклучила кон добротворната организација Parkinson’s UK, каде открила дека и останатите кои боледуваат од оваа болест имаат уникатен мирис.

Таа нејзиното откритие го споделила со научниците, а истражувачи од универзитетот во Единбург. Тие и дале 12 маички да ги помириса – од кои 6 биле носени од пациенти со Паркинсонова болест, а 6 биле од контролната група. Џој правилно ги идентификувала шесторицата кои ја имале болеста, но забележала специфичен мирис и на една маичка од контролната група – чиј носител неколку месеци подоцна бил дијагностициран со Паркинсоновата болест.

Бидејќи мирисите се создаваат од хемиски молекули, сега научниците од универзитетот во Манчестер истражуваат кои точно молекули резултираат со со мирисот специфичен за Паркинсоновата болест.

Тоа го прават користејќи ја техниката наречена масовна спектрометрија, со чија помош идентификувале 10 молекули уникатни за оние кои боледуваат од оваа болест.

Истражувачите велат дека ништо од ова немало да биде возможно без Џој, со чија помош докторите сега ќе можат да идентификуваат дали некој има Паркинсонова болест.

Иако за болеста сè уште нема лек, нејзиното рано откривање би овозможило подобро менаџирање на симптомите со лекови и физиотерапија, давајќи им подобар квалитет на живот на пациентите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top