Жените во Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години

20190731103916.jpg

Жените во земјава живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години.

Жените во Србија живеат подолго од мажите за пет години, во Грција за 5,1, а во Турција за 5,6 години.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години.

Најмала разлика има во Холандија 3,2 и во Шведска 3,3 години

извор: Плусинфо

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail