Во Шкотска женка од расата златен ретривер родила необично кутре. За разлика од своите браќа и сестри, кутрето е во зелена боја, пишува „Сан“.
Сопствениците на кучето им рекле на новинарите дека на почетокот не им поверувале на своите очи, но потоа откриле дека оваа е природна аномалија. Светлата нијанса постепено ќе исчезне, така што наскоро кутрето нема да се разликува од своите сонародници.
Можно е необичната нијасна да настанала од пигментот биливердин кој се наоаѓа во постелката. Кога ќе се помеша со плодовата вода која го храни и штити плодот, може да се обои крзното на кутрето.
Необичното кутре е наречено Форест (англиски „шума“). Сопствениците одлучиле да го задржат, а неговите седум браќа и сестри ќе добијат друг дом кога малку ќе пораснат.
Во светот се знае за само три случаи на раѓање на зелени кучиња. Последниот беше забележен во февруари годинава – необичното кутре го родила женка од расата кафеав лабрадор.