„Жена. Човек. Тишина“ – новa збирка поезија на Контекст–Струмица

konkurs-1.jpg

„Жена. Човек. Тишина.“ е втор online проект годинава на Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ кој сака преку ангажирана поезија и во основа ангажиран пристап на авторот да помогне кон осветлување на исклучително важна тема од општеството која покажува негативни оцени во моментот и да се насочи кон расветлување на проблемите со кои се соочува една од најголемите ранливи групи во Македонија. За насилството врз жената сме слушале од памтивек, тоа е наметнато како дел од генетскиот код кај одредена група на граѓани и ваквиот поразличен пристап и анализа на оваа материја е можеби прв од ваков тип.

Со ова ново, четврто по ред електронско издание за оваа година здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ се приклучува кон 16 дневниот активизам за подигнување на свеста во врска со родово базираното насилство како тема од човековите права на локално, национално, регионално и интернационално ниво велат од здружението.

Со главната иницијатива за 25 ноември како Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, оваа збирка поезија „жена. човек. тишина“ претставува одговор на колективната незаинтересираност за овој значаен проблем.

„Кампањата трае до 10 декември – денот за одбележување на заштита на човековите права. Во книгата се застапени 20 автори кои се вклучија по претходно објавен повик, како и едукативен материјал кој ќе ви помогне да дознаете повеќе за оваа круцијална општествена тема“, објаснуваат од здружението.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail