Зимскиот распуст продолжен до 23 јануари

ucilnica.jpg

Продолжување на распустот за учениците до 23 јануари, секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје, но и во другите градови, како и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие се новите мерки кои имаат за цел да го намалат ширењето на грипот во земјава.

– Прифативме мерка да се продолжи зимскиот распуст до 23 јануари, односно второто полугодие наместо на 18 јануари, како што беше предвидено, да почне на 23 јануари. Оваа мерка е повеќе од потребна имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на бројот на заболени од грип од 0 до 14 години во време на распустот, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција, што ја одржа заедно со членови од Комисијата за заразни болести.

Исто така, додаде тој, донесена е мерка и за темелна секојдневна дезинфекција на автобусите во градскиот сообраќај во Скопје, но и во останатите градови каде има организиран градски сообраќај.

– Последната мерка која ја усвоивме е мерката за темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на второто полугодие, информира министерот за здравство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail