Животни и растенија откриени во 2017 година

1-earlydinosau.jpg

Научниците ја објавија годишната листа на новооткриени видови  растенија и животни за 2017 година.

На овој интересен список се наоѓаат пајакот Хари Потер, ѓаволската орхидеја, стоногалка со четири пениси- пренесува  „iflscience“.

Пајакот Хари Потер

Овој нов вид го нарекуваат уште и Грифиндорски шешир, бидејќи многу потсетува на позната шапка од филмот за овој волшебник. Пајакот е откриен во Индија, а се крие во паднатите и суви лисја каде може лесно да се камуфлира.

Стоногалка со 414 нозе и четири пениси

„Illacme tobini“ е отриена во пештерите во националниот парк Секвоја во САД. Оваа стоногалка има 200 отровни жлезди, 4 пениси и 414 нозе.

Инсект кој наликува на лист

Од овој живописен инсект откриен е досега само еден примерок. „Eulophophyllum kirki“ името го добила по Питер  Кирк, фотографот кој ја насликал, а со својата несекојдневна боја, овој вид инсект лесно се вклопува во лисните предели. Мажјаците се повеќе зелени, додека жените со повеќе прекрасни розеви бои.

Стаорец што јаде сѐ

Стаорецот „ Gracilimus radix“ е откриен во Индонезија и се храни и со растенија и со животни. Откриен е само на островот Салавеси.

Мравката-змеј

Откако го откриле овој нов вид мравка, заради големиот ‘рбет биле инспирирани со змејот од популарната серија, па така и ја нарекле -„Мравка-змеј од Игра на тронови“. Откриена е во дождовните шуми на Папуа Нова Гвинеја.

Џиновска отровна стоногалка

Оваа стоногалка може да порасне и до дваесетина сантиметри и е првиот откриен вид стоногалка што може да нурка под површината на водата. Наречена е „Scolopendra cataracta“, или водопад стоногалка, а откриена е во југоисточна Азија.

Ѓаволска орхидеја

„Telipogon diabolicus’ е откриена само на југот на Колумбија и се смета за многу загрозен вид. Името го добила заради репродуктивната структура што многу наликува на ѓаволска глава.

Црвот чурос

Без очи, без мозок, без стомак, без анус-овие бизарни црви од длабоките мориња, веќе 60 години ги збунуваат  биолозите. Ова година конечно го добија своето место на еволутивното дрво, а беше  опишан и нов вид кој имео го добил поради очигледната сличност со шпанското печиво чурос.

Точкаста ража

Оваа ража е откриена во реката Токантис во Бразил

Билката која крвари

Овој чуден роднина на доматот кога ќе се пресече изгледа како да крвари. Откриен во Австралија, овој вид всушност им е познат на ботаничарите беќе 50 години, но дури сега е официјално опишан.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail