Животни кои за среќа повеќе ги нема

ziv.jpg

Голем дел од животните кои порано ја населувале нашата планета се изумрени, што е одлично кога ќе видите како сè изгледале и се однесувале. Еве мал дел од нив:

1)Даеодон

 

Даеодонот е дедо на модерните свињи и бил голем колку носорог. Името буквално му значи „непријателски деструктивни заби“, а јадел буквално сè што ќе му дошло на пат.

2)Горгонопсид

Ова чудовиште кое изгледа како од некоја хорор видео игра или филм, некогаш бил предатор наречен горгонопсид – комбинација од куче и гуштер со големина на мечка и огромни заби, со глава подолга од 1 метар. Тие биле доминантните предатори за време на пермскиот период, и биле истребени од пермиско-триазискиот истребувачки настан кој го уништил 90% од живиот свет на земјата.

3)Лиоплеуродон

Лиоплеуродонот бил еден вид на крокодил „на стероиди“, чија регуларна големина била околу 10 метри (растел и до 15), а биле пронајдени и остатоци на примерок чија должина само на вилицата изнесувала 3 метри.

4)Меганеура

Денешните Вилински коњчиња се малечки и убави за гледање, но нивниот предок, Меганеура, имал распон на крилјата од над 60 сантиметри.

5)Хеликопрон

Хеликопронот бил предатор чии заби не паѓале, туку растеле во форма на циркуларна пила.

6)Титанобоа

По истребувањето на диносаурусите пред околу 60 милиони години, масивна змија наречена Титанобоа го завземала нивното место како најголем и најопасен предатор на Земјата. Ваквите змии биле долги над 15 метри, тежеле над 1 тон и пленот го убивале со стегање.

7)Мегапирани

Овие пирани биле долги најмалку еден метар, живееле пред 10 милиони години и имале заби во 2 реда, така што е вистинско чудо што било кое водено животно преживеало покрај нив.

8)Мегаланиа (Varanus Pricus)

Ова биле далечни роднини на Комодо гуштерот и тежеле над 600 килограми, а биле долги околу 5.5 метри. Исчезнале од Австралија пред 50 000 години, што значи дека најраните Абориџини можеби имале контакт со нив.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail