Животни лекции од најсреќниот човек во светот

img-326038.jpg

Метју Рикард е 67-годишен будистички свештеник кој официјално е прогласен за најсреќен човек во светот од страна на американскиот Универзитет Висконсин, откако научници му го скенираа мозокот и открија досега незабележана количини на гама бранови.

Метју патува низ светот и предава на семинари, говорејќи за тоа како луѓето да бидат посреќни и позадоволни во животот.

Esquire објави неколку животни лекции што може да ги научите од најсреќниот човек во светот:

1. Секој може да биде среќен во животот ако ја бара среќата на вистинско место. Проблемот е во тоа што луѓето имаат тенденција да ја бараат среќата во погрешни работи.

2. За да бидеме среќни мораме да пронајдеме начин да ги ослободиме менталните отрови како омразата, опсесијата, зависта или гордоста. Целта на медитацијата е ослободување на ваквите емоции и култивирање на позитивните.

3. Кога ќе се налутиме не можеме да се сетиме на ниту една од добрите работи за личноста на која  сме ѝ лути. Лек за тоа е да се потсетиме на што повеќе добри работи за таа личност така што во нашиот мозок да остане што помалку место за негативности.

4. Ако сме свесни на нашиот бес или лутина, тогаш можеме да ги контролираме и тие полека умираат. „Се разбира дека и јас ќе се изнервирам, но обично брзо почнувам да се смеам за тоа бидејќи е навистина глупаво“, вели тој.

5. Начинот на кој нашиот ум го интерпретира светот околу нас е најважниот елемент во одредување на квалитетите на секој момент, а сепак на тоа придаваме многу малку внимание. Мораме да научиме да ги препознаеме менталните состојби или емоции кои се деструктивни и оние кои треба да ги негуваме.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail