Животот ни го враќа само она што им го даваме на другите – Најубавите мисли на Иво Андриќ

ivo-andrikj.jpg

Иво Андриќ е роден на 9 октомври 1892, а починал на 13 март 1975. Тој е југословенски писател и добитник на Нобеловата награда за литература во 1961-та година. Во неговите дела најчесто обработува теми поврзани со неговата родна Босна, за време на отоманското владеење. Материјалите за неговите дела најчесто ги црпел од историјата, фолклорот, културата на Босна и Херцеговина.

Негови најпознати дела се: „Мостот на Дрина“, „Босански хроники“, „Жената од Сараево“. Овие три дела биле издадени во 1945-та година и напишани во текот на Втората светска војна, додека Андриќ повлечено живеел во Белград. Често за нив се вели дека се босанска трилогија затоа што се издадени едноподруго и се напишани во ист период. Сепак, тие се само тематски поврзани и всушност содржински претставуваат три различни дела. Други негови познати дела се: „Ex Ponto“, „Немири“, „Патувањата на Алија Ѓерзелез“, „Приказна за везирскиот слон“, „Проклета авлија“ и „Омерпаша Латас“.

Кој прави добро, уште повеќе добро се очекува од него.

Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно простува и заборава.

Мирот и спокојството се единственото добро и најголемо достоинство на скроимните луѓе.

Младоста е среќно добра во кое човекот почнува да верува во себе, а сѐ уште не престанал да верува во другите.

Од своето потекло и од своето детство не може да се побегне.

Раната која се крие, многу бавно и тешко зараснува.

Животот ни го враќа само она што им го даваме на другите.

Сите вистински животи се убави, но често и тешки.

Животната сила на еден човек, често се мери и според неговата способност за заборавање.

Многумина го постигнуваат тоа што го сакаат, но се губат себеси во тоа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail