fhqxlumtwsj5relykdxj.jpg

Под мотото „Во наш филм“, дваесет и два македонски филмови, снимани во 2019 година ќе бидат прикажани на второто издание на филмската ревија „Златна рамка“.

Во годината кога македонската кинематографија доживува историски успех, со две номинации за наградата Оскар за филмот „Медена земја“, филмските работници во текот на деновите на македонскиот филм, ќе можат да разминат искуства и мислења за нивната работа.

„Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика, која ќе има можност да ги погледне сите домашни филмови од минатата година, од кои некои не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите, изјави уметничкиот координатор Ана Василевска.

Годинава во оваа најава имаме 22 филма, кои ги вклучуваат долгометражните, краткометражни и документарни филмови. Ревијата ќе се случува во МКЦ на 14,15 и 16 февруари.

Мотото на годинашната Златна рамка е „Во наш филм“, наши филмови за наша публика, ова ја подразбира продукцијата поддржана од Агенцијата за филм на Македонија.

Според режисерот и претседател на ДФРМ, Игор Иванов, многу е поважен квалитетот од квантитетот на годишно снимани македонски филмови.

Да произведуваме филмови кои не чинат, тоа не е добра идеја, нашата дејност е скапа, чини многу, парите се јавни и тешко се доаѓа до нив, посебно за една мала, и не многу богата држава како ште е Македонија, филмот е вистински луксуз.

Во рамките на „Златна рамка”, ДФРМ ќе одржи свечено Собрание, каде во фокусот ќе бидат прашањата за изворите на финансирање на македонскиот филм, кои според Иванов во текот на минатите години им беа безправно скретни , како и ќе се разгледа статусот на филмските работници.

Ние се бориме за стандардизирање на тоа што се нарекува буџет, што државата го одвојува за македонскиот филм, по терк на европските кинематографии, да биде дефиниран per capita и да не може било кој да произволно го дефинира буџетот за филм во Македонија.

Втората тема со која оваа година по повод големиот јубилејот 70 години ДФРМ , ние ќе се занимаваме е статусот на филмскиот работник,неговиот општествен статус и начинот на кој тој ги остварува своите права.

И оваа година во рамки на ревијата ќе бидат доделени и почесните награди за филмските професионалци, за нивните заложби и остварувања во полето на македонскиот филм.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail