obetka.jpg

Златна обетка од времето на македонскиот император Александар Трети е пронајдена при археолошките истражувања во Ерусалим вчера. Ова вредно откритие освен историско значење веднаш доби и голема популарност во Грција која ова откритие во светот го пласира како „грчки артефакт“

Станува збор за златна обетка која се претпоставува дека датира од пред 2.200 години, односно од раниот македонски период и е пронајдена при исопувањето на еврејскиот храм во Ерусалим, на 200 метри јужно од местото каде денес се наоѓа џамијата ал-Акса.

Израелски експерти за антиката потврдуваат дека станува збор за накит изработен во техника позната на Македонците, кои изработувале перфектен накит од злато. Најверојатно станува збор за артефакт од времето на влегувањето на Александар Македонски во Ерусалим по освојувањето на Персија.

Меѓутоа во Грција и во многу медиуми ова се прикажува како податок дека Грците владееле со Ерусалим, односно дека Александар е Грк, за што не постои ниту еден историски доказ. Потоа Грците ја пласираат и тезата дека станува збор за период од Макавејските востанија, кои Евреите ги кренале против Паганите, заборавјќи пртиоа да кажат дека Евреите за Пагани ги сметале елинските племиња кои на еврејска територија граделе објекти во кои се славела голотијата, нешто што никогаш не било прифатено од Евреите.

Така со едно историско вредно откритие, за кое несомнено му припаѓа на македонската цивилизација и култура, Грција не пропушти прилика да се повика и на Александар и на Библијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail