Златно признание за Прилепска Пиварница од „ПепсиКо“

pepsiko.jpg

Прилепска Пиварница е добитник на највисокото, златно признание од годишната награда „PepsiCo Caleb Bradham Quality Excellence“.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

„Caleb Bradham“ наградата се однесува на квалитетот на „ПепсиКо“ производите низ целиот свет и ги оценува врвните перформанси во однос на високиот квалитет и безбедноста на пијалоците.

– Ова е прво вакво признание за Прилепска Пиварница и е од исклучително значење за нас затоа што стандардите, коишто компанијата „ПепсиКо“ ги има поставено и коишто ние ги исполнуваме, се навистина големи, а критериумите комплексни, изјави гелералниот директор на Прилепска Пиварница, Сашко Самарџиоски.

Златното ниво на наградата е доделено  на 18 компании во целиот свет.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top