Змија се обидела да вечера бодликаво прасе – Погледнете како завршила!

Една бразилска боа имала поприлично лош ден откако се обидела да “вечера” но завршила со боцки по целото тело.

Се чини дека боата се обидела да изеде бодликаво прасе, кое се послужило со своите боцки во самоодбрана. Еден Бразилец ја снимил целата сцена, а како на змијата да не и било доволно лошо, па уште и неговото куче започнало да ја лае.

Видеото кое го кружи интернетот ја прикажува змијата која се витка во болки од убодите на боцките по нејзиното цело тело.
Видеото е поставено на LiveLeak минатата недела, многу корисници имале што да кажат на ситуацијата па тоа се уште кружи во етерот.

Боите инаку се хранат со глувци, лилјаци и гуштери, и на нив им се потребни 4 до 6 дена за да ја сварат храната.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail