Зошто бројот 137 е најмистериозниот број во физиката?

img-e1541760995369-640x320.jpg

Американскиот физичар Ричард Фејнман, еден од највлијателните физичари на дваесеттиот век, кој работел во полето на квантната електродинамика, сметал декаоколу нас има Вселена која не опкружува, преточена во еден број, и сметал дека сите теоретичари на физиката треба да го побараат.

Тој тоа го нарече “една од најголемите мистерии во физиката, мистериозниот број што го добивме без никакво разбирање”.

Овој магичен број, константа на фина структура, е темелна физичка константа која е поврзана со јачината на електромагнетната интеракција и има ист износ во сите мерни системи. Изнесува околу 1/137, или попрецизно 1/137.03599913, означен со грчката буква – α.

Посебно специјално во овој случај е тоа што таа се смета за најдобар пример на чист број, оној на кој не му требаат единици. Тој всушност комбинира три природни константи, брзина на светлината, електричен набој и планковата константа, како штообјаснува физичарот Пол Дејвис.

Својата привлечност 1/137 ја должи на она што се појавува на пресекот на клучните области на физиката, како што се релативноста, електромагнетизмот и квантната механика.

Британскиот физичар Лоренс Ивс од Универзитетот Нотингем, смета дека бројот 137 би можел да биде сигнал на вонземјани, да имаме една мерка на совладување на нашите планети и разбирање на квантната механика. Доколку постојат, најверојатно овој број и нив им е познат, особено ако имаат развиено напредна наука.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail