Зошто е подобро да плаќате во кеш наместо со картичка

platikarticka.jpg

Многу е попрактично да користиме картички за плаќање, нема дилема околу тоа. Некои луѓе повеќе користат картичка отколку пари во кеш бидејќи на тој начин си создаваат впечаток дека трошат помалку пари.

Но, дали е тоа така или не е неможеме да кажеме со сигурност.

Сепак постои веројатност во месечниот извештај да видите дека всушност парите на ваков начин се трошат многу побрзо и неконтролирано. За да не излезе од контрола брзото трошење пари, ова се пет случаи каде што е препорачливо да се плажа во кеш, наместо со картичка.

1. Кога трансакцијата не е голема
Ако плаќате нешто што чини помалку од 20­25 евра, помудро е да платите во готово. Малите купувања се акумулираат и ако не ги го следите трошњето, тоа дефинитивно може да “удри” врз вашиот буџет сериозно.

2. Ако користите услуги
Станува збор за случаите во кои се користат такси услуги и други такви услуги. Тогаш за тоа е препорачливо да имате готовина за плаќање.

3. Кога се храните во кафулиња и ресторани
Да сте во луксузен хотел и да ја платите сметката во ресторанот со картичка е едно. Но, сосема друго е кога со пријатели седите во кафуле. Слично како и кај услугите, најдобро решение е да платите во готово.

4. Кога купувате на саемски изложби
Таму ќе најдете поголеми компании кои нудат плаќање со картичка. Повеќе ситните трговци сепак е сосема можно да не ја обезбедуваат оваа опција… Во такви моменти секогаш треба да имате пари во готово.

5. Кога купувате во странство

Избегнувајте да плаќате со картичка во странство, освен кога навистина сте притиснати и немате друг начин за плаќање. Постојат различни провизии за странските трансакции за кои вреди да сте претпазливи.

извор: емагазин.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail