Зошто ефектот на кафето кај некои луѓе делува, а кај други не?

image-125595.jpg

Зошто ефектот на кафето кај некои луѓе делува, а кај други не?

Сигурно сте забележале дека додека кај едни луѓе кафето има инстантен разбудувачки ефект, други можат да го испијат непосредно пред спиење и воопшто да не се рассонат.

Се работи за варијација на генот PDSS2, која едни луѓе ја имаат, а други не. Токму овој ген влијае врз тоа како телото ќе го разгради кофеинот и колку време ќе го задржи во организмот.

Ова истражување е спроведено во Италија на околу 1000 лица и во Холандија, каде учествувале 1700 испитаници. Кај оние кои ја имале едната варијација, кофеинот се задржувал подолго во телото и тие немале потреба да испијат уште едно кафе во следните неколку часа.

Но, ова не значи дека ако не ви влијае врз спиењето, можете да го употребувате кафето во неограничени количини. Сепак не заборавајте дека тоа може да има ефекти врз целокупното здравје и дека претерување никако не е препорачливо.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail