Зошто емпатијата е најбитната вештина за да бидете успешни?

emp.jpg

Хенри Форд рекол „Зошто секој пат кога ќе побарам пар раце за работа ги добивам со прикачен мозок?“. Почнувајќи од индустриската револуција техничките вештини и физичките способности де најбитни да наоѓање работа. Размислувањето било работа на менаџерите, а улогата на вработените била да извршуваат задачи.

Сепак, со почетокот на 21 век меките вештини стануваат повидливи. Училишните системи почнуваат да ставаат поголем акцент на тие вештини. Критичното размислување, комуникацијата, соработката и креативноста се четирите работи на кои се фокусира образовниот систем. Од сите нив, има една која се истакнува и е основа за успехот – емпатијата. Еве зошто !

1. Одете на состанок само ако однапред го знаете резултатот

Ова е совет на директор на компанија. На почеток можеби нема да го сфатат сите, но доколку си ја сработите работата, ја разберете мотивацијата на другите учесници и сочувствувате со нив, многу ќе биде полесно да го предвидите резултатот.

2. Преговори

Емпатијата ви овозможува да ја разберете мотивацијата на другата страна. Кога знаете што е битно, а што не е битно за нив, ќе знаете на што сте. Емпатијата ќе ви помогне да победите во преговорите или да постигнете win-win ситуација за двете страни.

3. Дизајнерско размислување

Емпатијата се дефинира како вештина која ни овозможува да ги разбереме и да ги споделуваме чувствата на другите. Преку емпатијата можеме да се ставиме на местото на некој друг и да сфатиме што чувствуваат. Емпатијата кон таргет публиката ви овозможува да ги идентификувате вистинските решенија за нивните проблеми.

4. Ефективна тимска работа

Најефективната, најпродуктивната и најкреативната тимска работа се базира на способноста за конструктивен конфликт. Тоа е способност да се расправа за разни прашања. Се базира на доверба, а довербата се базира на предвидливост на однесувањето на другите. Таа предвидливост е резултат на емпатија.

5. Совесен капитализам

Совесниот капитализам се базира на бизниси кои прават добро за општеството, и веруваат дека финансиската награда ќе биде природен резултат. За да имате совесен капитализам мора најпрвин да покажете емпатија кон клиентите за да дознаете што е битно за нив и да се фокусирате на тоа.

6. Собирање инвестиции

Различни инвеститори имаат различни мотиви за инвестирае во компании. Шансите да добиете инвестиција експоненцијално растат доколку пред да презентирате пред инвеститорите малку дознаете за нивното минато, за историјата на инвестирање, за преференците итн. Со други зборови, да покажете емпатија кон нив.

7. Интервју за работа

Тој што ве интервјуира нема да ве вработи само како акт на сожалување. Ќе ве вработи затоа што му требате. Премногу често кандидатите за работа се фокусираат на тоа што тие можат да го донесат во компанијата во поглед на искуството, образованието и вештините. Сепак, ќе имате поголеми шанси да се вработите доколку првин ги разберете потребите на компанијата, а потоа презентирате како со своите вештини и искуство ќе ги задоволите тие потреби.

8. Продажба

Многу продавачи се фокусираат на тоа што го нудат, на бенефитите од производите или услугите и не сакаат да разберат зошто производот или услугата не се за вас. Потребна е храброст и самодоверба за еден продавач да ви каже дека некој производ не е тоа што го барате. Но, потребна е и емпатија и разбирање на вистинските потреби на потенцијалните купувачи за да утврдите кое решение е вистинското за нив.

9. Корисничко искуство

Колку често се жалите на нечија лоша услуга? Навистина не се среќава секој ден некој кој ја разбира специфичната ситуација во која се наоѓате. Во еден конкурентен пазар како денешниот корисничкото искуство ве диференцира од другите. Вработените кои сочувствуваат со клиентите, кои разбираат низ што поминувате и тоа го покажуваат низ разговорот го прават позитивното корисничко искуство.

10. Учење
Кога ќе ги прашате децата од некој клас кои часови им се најубави, тие нема да ви одговорат дека тоа е предметот што го сакаат најмногу. Најубави им се часовите кај омилениот учител, тој што знае да се поврзе со нив, да покаже емпатија. Колку повеќе е способен за тоа толку поефективни ќе бидат неговите лекции.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail