Зошто голем број на Американци умираат на возраст од 62 години?

Povik-za-prijavuvanje-na-intenzivni-poslediplomski-studii-za-2018-godina-na-Amerikanski-instituti-za-univerzitetski-profesori-i-profesori-od-srednite-uchilishta.png

Повик за пријавување на интензивни последипломски студии за 2018 година на Американски институти за универзитетски професори и професори од средните училишта

Во САД последниве неколку години интензивно се спроведуваат истражувања чија цел е да го објаснат феноменот зошто толку многу Американци умираат на возраст од или околу 62 години. Научниците веруваат дека причината е поврзана со предвременото пензионирање, пренесува „Wall Street Journal“.

Според новото истражување на американските научници од Универзитетот Корнел, во соработка со Универзитетот во Мелбурн, значително зголемување на смртноста кај Американците се бележи на возраст од 62 години, а на ова многу поизложени се мажите. Истражувачите веруваат дека причината за ова е предвременото пензионирање. Економистите Марија Фицпатрик и Тимоти Мур анализирале податоци за причините за смрт добиени од Националниот центар за здравствена статистика на САД, за периодот меѓу 1979 и 2012 година. Нивниот труд бил објавен минатиот месец во списанието „Journal of Public Economics“.

Целта на истражувањето било да се испита влијанието на пензионирањето врз физичкото и менталното здравје на луѓето.

„Тоа е голема промена во животот“, велат научниците. Некои луѓе во раните 60-ти години го менуваат работното место, работат со скратено време или пак се пензионираат. Поради ова, кај многумина опаѓа нивото на приходи и се менуваат покритијата на здравственото осигурување.

„Околу една третина од Американците на возраст од 62 години се одлучуваат да го остварат своето право на државна пензија. Десет отсто од мажите се пензионираат штом ќе наполнат 62 години“, вели Фицпатрик. Смртноста на мажите на возраст од 62 години во САД е порасната за два отсто, што е значајна бројка.

„Во период од 34 години кои беа опфатени со анализата, откривме дополнителни 13.000 до 27.000 смртни случаи на луѓе кои починале на возраст од 62 години. Оние два проценти значат двајца на секои 100 мажи во општата популација која наполнила 62 години“, вели Фицпатрик.

„Навистина веруваме дека овие смртни случаи се концентрирани во рамките на 10-те отсто од мажите кои со 62 години заминале во пензија, па наместо двајца во 100, процентот се намалува на двајца во 10. Според тоа, веројатноста за смрт кај мажите кои порано заминале во пензија би можела да изнесува дури 20 проценти. Мислам дека тоа е навистина значајно“, додава таа.

„Пензионирањето кај некои луѓе може да дејствува позитивно. Меѓутоа, на краток рок, наоѓаме негативни последици”, открива Фицпатрик.

Така, со пензионирањето се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, инфекции, смртни случаи поврзани со пушењето и болести на респираторниот систем, се наведува во истражувањето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top