Еве зошто хостеси и манекенки повеќе нема да промовираат автомобили?

hostesi.jpg

Голем број на автомобилски брендови повеќе нема да ангажираат атрактивни хостеси и манекенки за промоција на нивните нови автомобили на презентациите, промотивните шоуа и автомобилските саеми.

Главна причина за ваквата одлука е притисокот од социјалните мрежи каде продолжува да се шири кампањата MeToo, односно одредена група на феминистки се бори за поголемо ослободување на жената од наводни недостоинствени и понижувачки позиции.

Сепак, голем број на девојки кои работат во промотивните агенции како хостеси велат дека се разочарани од одлуките на автомобилските брендови повеќе да не ги ангажираат бидејќи ќе останат без работа и без приходи.

На престојниот „Geneva Motor Show“ повеќето автомобилски гиганти решија наместо да ангажираат манекенки да ангажираат машки и женски модели кои ќе бидат облечени во спортска опрема, наместо во тесни фустани и високи потпетици.

Претходно поради истиот вид на притисок на социјалните мрежи и Формула 1 трките донесоа одлука да не ангажираат повеќе атрактивни девојки во пит стопот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail