Зошто интелигентните луѓе свесно одлучуваат да бидат асоцијални?

zoshto-inteligentnite-lugje-svesno-odluchuvaat-da-bidat-asocijalni-www.kafepauza.mk_.jpg

Дали некогаш сте сонувале да бидете пустиник? Дали преферирате да живеете во изолирана селска куќа, наместо во огромен град? Дали попрво би читале книга отколку да танцувате со пријателите? Дали се криете ако некој неочекувано ви заѕвони на врата?

Ако се пронајдовте во овие описи, тогаш имаме одлични вести за вас. Вие не сте асоцијални! Всушност, можеби сте гении. Според една неодамнешна студија, луѓето со натпросечна интелигенција имаат тенденција да се дружат со помалку луѓе и поретко да бараат социјална интеракција. Интересно но нивното задоволство во животот се зголемува кога тие одлучуваат да живеат по оваа стратегија.

Според истражувачите, стратегијата „пустиник во шума“ може да биде најдобриот начин на живот – особено за оние што се високо интелигентни. Преку детално истражување, овие психолози успеале да детерминираат дека луѓето се посреќни кога живеат во поретко населени области. Тие исто така откриел дека среќата им се зголемува кога социјалните интеракции ги вклучуваат оние со љубените, наспроти оние со странците, подалечните пријатели и познајниците.

Од друга страна пак, учесниците со просечна интелигенција во оваа студија пријавиле поголемо ниво среќа кога имаат почеста социјална интеракција.
„Резултатите покажуваат дека оние со повисока интелигенција, што знаат како да ја користат, сакаат да минуваат помалку време со други луѓе за да можат да се фокусираат на нивните долготрајни цели“, изјавуваат научниците.
Со други зборови, оние што велат дека имаат подобри работи за правење од дружење со пријателите, всушност се на вистинскиот пат кон градење поздрав и посреќен живот.

Интерпретирајќи ги резултатите од оваа студија, психолозите откриле голема поврзаност со теоријата „Савана“. Оваа теорија предложува дека ние ја наоѓаме среќата во оние нешта што и нашите предци ги правеле среќни. Во саваната, популацијата била многу мала, па интерперсоналните интеракции биле клучни за преживување. Но поинтелигентните луѓе можеби еволуираат над потребата за константна социјална интеракција и наместо тоа се фокусираат на оние нешта што им дозволуваат напредок во модерното општество.

Па, следен пат кога ќе се одлучите да останете дома наместо да излезете во дискотека, не се чувствувајте лошо за тоа. Чувствувајте се паметно! Вие сте еволуциски понапредни.

за kafepauza.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail