Зошто кучињата секогаш бараат храна?

kuce.jpg

Вашето куче секогаш ќе ве гледа со тажни очиња иако сте го нахраниле пред 5 минути. Ако ги прашате нив, тие никогаш нема да бидат сити, но од каде доаѓа оваа потреба постојано да молат за храна?

Научниците велат дека ваквото однесување на кучињата е сосема нормално и веруваат дека оваа навика се провлекува низ вековите пред тие да станат домашни миленици. Во дамнешни времиња кога дивите кучиња пополека се доближувале до човековите огништа знаеле дека треба да изедат колку можат бидејќи немале поим кога нареден пат ќе им се понуди храна – слично на денешните кучиња скитници.
Постои можност да некои кучиња вистински искусиле глад и како такви напатени душички секогаш ќе сакаат повеќе храна од што им е потребно за, како што велат, да им се најде. Дури и вдомените и нахранетите кученца секогаш ќе го паметат чувството на глад и жално ќе ве гледаат секогаш кога ќе седнете на ручек.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail