Зошто не сте виделе бебе од гулаб?

extra_large-1493137952-cover-image-640x360.jpg

Тргнете кон било кој градски трговски центар и без сомнеж ќе бидете окружени со голем број гулаби.

Но, и покрај нивниот голем број, многу ретко или никогаш нема да ги видите нивните млади. Тие се како модерни урбани еднорози, само не баш толку неверојатни. За среќа постои едноставно објаснување за оваа мистерија, пишува IFLScience.

Прво, гулабите кои ги гледате по улица како јадат остатоци од блиската пекара се диви градски гулаби (Columba livia domestica). Овој подвид на птици првично живеел на морските гребени и карпи по должината на бреговите на Европа, Северна Африка и Западна Азија. Иако го замениле своето природно живеалиште со облакодери и урбани области, сеуште ги свиваат своите гнезда во вдлабнатините во близина на врвовите на зградите.

“Само доколку можете да гледате директно во гнездото ќе видите бебиња од гулаби. Кога гулабите го напуштаат гнездото се доста големи и повеќе личат на возрасен гулаб”, објаснува Дебра Краенси, конзервациски биолог од Њујорк.

Исто така, треба да се има на ум дека младите птици го напуштат гнездото кога тие се стари само 25-32 дена. Тоа значи дека освен ако не ги најдете во овој краток период во некоја дупка на врвот на зградата, тешко дека ќе ги видите како изгледаат додека се малечки.

“Гулабите се раѓаат голи и треба да им нарастат пердуви пред да можат да го напуштат гнездото”, вели Мартин Фоули од Кралското друштво за заштита на птиците. “Тие остануваат во гнездото додека не се во состојба да летаат, како и другите видови кои ги градат своите гнезда”.

Освен ако не ги следите младите гулаби од прозорец, од балкон или од некоја висока површина, можеби е подобро и воопшто да не ги видите, бидејќи тоа е знак дека нешто не е во ред.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail