Зошто не треба да пиете по 2 литри вода дневно: Доктор предупредува на опасен контраефект !

hitportal-pienje-voda.jpg

Стручен магазин пред девет години објави список на популарни митови за здравјето, а заблудата за 8 чаши вода на ден го завземала првото место.

Постои мислење дека за добро здравје треба да се пие 2,5 литри чиста вода дневно, плус – минус пола литар,во зависност од тежината и физичката активност. Сите медиуми едногласно тврдат дека да се пие малку вода е штетно, треба да пиеме дури и кога не сме жедни.

Сепак, професорот по педијатрија Арон Е. Керол смета дека нема потврдени научни докази за тоа.

Тој вели дека тие препораки делуваат затоа што предизвикуваат страв – ако организмот не добива доволно вода, почнуваат сериозните здравствени проблеми.

Меѓутоа, медицинското списание БМЈ пред девет години објавил список со популарните митови за здравјето во кои што сите веруваат. Митот за 8 чаши дневно завземал прво место!

Овој текст многу брзо се раширил по интернетот, а бил и публикуван во популарни списанија. За неколку години излегла и книга на таа тема, но без ефект е сево ова, грижата кај луѓето не престанува.

Препораката за 2,5 литри вода дневно е вистинита,отприлика толку вода ни е потребно. Но дел од таа вода се наоѓа и во храната, овошјето, зеленчукот, чајот и кафето.

Ако ретко имате желба за вода, Керол советува да не се грижите дека нешто не е во ред затоа што организмот ќе ви даде многу порано сигнал пред дехидрирање. За бубрезите вишокот вода е штетен затоа што може да ги преоптовари.

Уште полошо е што прекумерниот внес на вода во организамот може да предизвика и инсомнија, поготово ако испиете 2-3 чаши вода пред спиење.

Премногу вода во организамот може да ве доведе во животна опасност. Ова го потврдува случајот за 40 годишната жена која имала посебен режим на исхрана и пиела по 4 литри вода дневно па починала од премногу пиење вода.

Треба да пиеме многу вода само кога нашето тело од било која причина губи вода: за време на болести, прекумерно потење или зголемена физичка активност.

Чувствувате дека сте жедни? – пијте но на 8 задолжителни чаши не мора ни да помислите – заклучува Керол.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail