Зошто некои луѓе упорно одбиваат да носат маска, еве што велат научниците!

Zoshto-nekoi-lugje-uporno-odbivaat-da-nosat-maska-eve-shto-velat-nauchnicite.jpg

Зошто некои луѓе упорно одбиваат да носат маска, еве што велат научниците!

Епидемиолошките мерки станаа нормална појава низ целиот свет. И додека повеќето луѓе сè уште ги следат овие мерки, носат маски, држат дистанца и често ги мијат и дезинфицираат рацете, некои луѓе упорно одбиваат да ги следат овие мерки. Зошто?

Причините се многубројни – од обичен пркос, до психолошки нарушувања поради кои тие не сакаат и не можат да ги почитуваат мерките.

Како што истакнуваат психолозите, во јадрото на човечката психологија е принципот на награда и казна, односно секој потег што го правиме е мотивиран од некаква награда. За повеќето луѓе во време на пандемија, наградата за усогласеност со епидемиолошките мерки е фактот дека тие ќе останат здрави.

Но, како што се зголемува бројот на заболени од коронавирус, овој вид „награда“ веќе нема никаква тежина. Затоа, не треба да изненадува што се поголем број луѓе сметаат дека носењето маска е бескорисно и непотребно.

Па, како тогаш да ги охрабриме луѓето сè уште да ги почитуваат протоколите и да се придржуваат кон епидемиолошките мерки?

Студија спроведена од научници меѓу повеќе од 60.000 испитаници во повеќе од 30 земји откри што може да ги мотивира луѓето да ги следат протоколите, но и зошто некои упорно одбиваат да го сторат тоа.

Експертите кои ги анализираа одговорите заклучија дека финансиската криза честопати е многу посилен мотиватор за следење или неследење на протоколот. Ова значи дека здравствените власти, ако сакаат да ги охрабрат луѓето да носат маски, требало да апелираат на нивната лична финансиска состојба.

Тие исто така открија дека политичката ориентација исто така одредува дали некој ќе ги следи препораките или не. Донесувањето политички одлуки под маската на пандемија може да ги натера луѓето да мислат дека има многу поважни работи за кои треба да се грижат отколку самата пандемија.

И, конечно, постои чист пркос, односно отпор кон какви било ограничувања што луѓето ги перцепираат како ограничување на нивните лични слободи и кои ги спречуваат да ги извршуваат активностите на кои се навикнати. На пример, одење во кафулиња или теретани.

Исто така, колку повеќе граѓаните имаат доверба во владата, толку е поголема веројатноста да ги следат правилата и да прават лични жртви за да ги заштитат ранливите групи од коронавирусот и економските последици.

Што, тогаш, треба да се стори за да се натераат луѓето да ги следат препораките?

Одговорот е многу сложен. Владите треба, пред сè, да размислат за воведување посебни правила за одредени возрасни групи (средношколци, студенти, пензионери) и да ги прилагодат на нивните потреби или однесување со цел да ги мотивираат да ги почитуваат мерките, но и да им дадат одредено чувство на нормалност.

Како што видовме во некои држави каде пензионерите имаа одредено време кога можеа да направат свој шопинг во продавницата или да одат на лекар.

Научниците советуваат владите да вложат дополнителни средства во социјалниот систем за да им дадат на граѓаните впечаток на безбедност дури и во ситуација кога ќе останат без работа поради коронавирусот.

Треба да се истакнат придобивките од брзото ограничување на ширењето на вирусот преку влијанието на пандемијата врз економијата.

Посебно внимание треба да се посвети на оние кои се во првите редови на одбраната на пандемијата. Тие треба да бидат препознаени за сè што прават и да покажат колку се неопходни во борбата против коронавирусот.

Сепак, покрај сето ова, научниците истакнуваат дека, без разлика дали граѓаните ги почитуваат мерките или не, во голема мера зависи од тоа колку брзо ќе бидат донесени овие мерки, како и од тоа колку брзо ќе покажат резултати.

Идентификувањето на она што ги мотивира може да биде клучно во контролата на ширењето на инфекцијата помеѓу почетокот на вакцинацијата и крајот на епидемијата.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail