Зошто непреспиената ноќ предизвикува глад?

shutterstock_257838343-960x500.jpg

Подготвувајќи една епизода од емисијата на ВВС – „Вистината за сонот“, британскиот лекар Мајкл Мозли открива зошто лошо проспиената ноќ влијае на нивото на шеќер во крвта и гладта. Во истражувањето му помогнала и лкарката Елеонора Скот од Универзитетот во Лидс.

Група волонтери под будно око на Скот биле под постојан мониторниг на глукоза за да се провери што се случува со нивото на шеќер во крвта кога спиеме добро, но и кога ни недостига сон.

Волонтерите спиеле две ноќи, а следните две отишле на спиење три часа подоцна од вообичаеното. Во тоа им се придружил и др. Мајкл Мозли кој тоа искуство го опишал како многу непријатно.

Непријатно бев изненаден колку бев гладен во деновите кога бев лишен од сон. Истото им се случуваше и на моите колеги волонтери. Кога дојдовме по резултатите, сите се жалевме на исти симптоми – вели др. Мозли.

Кај сите учесници било забележано зголемено ниво на шеќер во крвта до точка во која некои здрави луѓе имале ниво кое се граничи со дијабетес тип 2. Интересно е што тие проблеми биле решени по неколку добро преспиени ноќи.

Зошто тоа се случува?

Кога сме лишени од сонот, се ремети нивото на хормони кои влијаа тна апетитот. Тоа не чини да бидеме често гладни, додека истовремено се намалува веројатноста дека ќе се заситиме од нормалната количина на храна. Исто така знаеме дека кога луѓето недоволно спијат често посегнуваат по слатакта храна. Доколку сме будни во моментите кога нашиот организам се навикнал на сон,т елото произведува повеќе хормон на стрес, кортизол, а кој може да влијае на нивото на глукоза следнито ден – објаснува др. Скот.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail