kgn-img-485956.jpg

Грејната сезона започна, а многумина од вас ги користат топлите радијатори или другите грејни тела за да сушат облека на нив.

Британските научници предупредуваат дека треба да престанете да ја практикувате оваа лоша навика.

Како што наведуваат тие, со сушењето на мокрите алишта на загрејана површина, се зголемува нивото на влага, а поради тоа се создава мувла низ целиот стан. Мувлата може да предизвика напади од астма.

Инаку, главната причина за настанување на астма е чувствителноста на респираторните алергени, т.е супстанци од надворешната средина, како што се: домашната прашина, поленот, тревата, дрвјата, мувлата, влакната од животни и димот од цигари.

Со влагата се ослободува мувла која се проширува по куќата, а која кога ќе ја вдишите може да предизвика сериозни алергиски реакции.

Ваквите реакции се поизразени кај бебињата и децата, старите луѓе и кај луѓе кои имаат проблеми со кожата и намален имунитет.

Кои се симптомите на астма?

Астма е хронично заболување, во чија основа е еден вид на воспаление на дишните патишта. Ова заболување го карактеризираат повторувачки епизоди на отежнато дишење, стегање во градите и краток здив.

Како да ја препознаете мувлата?

Мувлата е воочлива и може да биде во бела, црна, жолта, сина или зелена боја. Исто така може да има мека, нерамна површина или рапава површина, а се карактеризира со силен и непријатен мирис. Се јавува во влажни услови, така што вообичаените места на кои се јавува мувла се тапети, подови, прозорци и ѕидови.

извор: Кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail