Зошто после триесетите години многу побрзо се дебелееме? Не, за тоа не се виновни годините !

OJuuy-n1-zosto-se-debeleeme-posle-30tite.jpg

Дали го знаете она чувство кога ќе ја поминете триесеттата година и ќе почнете да се дебелеете околу половината? Не, за тоа не се виновни годините, ниту исхраната. Проблемот треба да го барате на некое друго место…

Она што сигурно прави да се чувствувате незадоволни кога ќе се погледнете во огледало, секако е тежината.

Кога знаете дека некогаш сте имале рамен стомак, без масни наслаги и дека не сте се дебелееле во пределот на бутовите, тогаш почнувате да се загрижувате и да го барате виновникот.

Она што треба да го знаете е дека физичката неактивност е вашиот најголем непријател.

 

Со текот на годините метаболизмот станува побавен, а после триесеттата година најчесто стануваме побавни, повеќе седиме и минимално се движиме.

Затоа, ако го сакате вашиот одличен изглед назад – почнете да се движите!

Тоа не значи дека мора да почнете да вежбате со часови во теретана, а потта да ви се слева од лицето.

 

Експертите препорачуваат умерена и постојана активност. Трудете се секој ден барем половина час да го поминете во пешачење. Важно е да се движите – тоа е најдобриот тренинг за вашиот метаболизам.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail