lev-1.jpg

Која рака ќе ви биде доминантна се „одредува“ уште во матката, околу 8-та недела од бременоста. Претходно се сметало дека разликата во активноста на гените во левата и десната хемисфера можеби е одговорна за тоа која рака е доминантна.

Но минатата година истражувачите кои ги анализирале гените од ‘рбетниот столб за време на 8-та до 12-та недела од бременоста, веруваат дека потеклото на доминантна рака се наоѓа во рбетниот столб.

Движењата на рацете и дланките започнуваат со моторниот кортекс во мозокот кој испраќа сигнал до ‘рбетниот столб. Ова ја претвора командата во движење. Моторниот кортекс не е поврзан со ‘рбетниот столб на почетокот, а одбирањето на доминантната рака настанува уште пред да се направат конекциите. Поради ова истражувачите сметаат дека оваа одлука доаѓа од нашиот ‘рбет.

Истражувањето објавено во февруари, 2017 година заклучило дека:

„Овие резултати фундаментално го променија нашето разбирање за причината за хемисферните асиметрии.“

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail