Зошто се случува и после осум часа спиење да се чувствуваме изморено?

osum.jpg

Некои луѓе после осум часа сон се будат свежи и одморени, а други и покрај тоа што доволно спиеле – исцрпени. Зошто е тоа така?

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Австралиски експерт за сон, доктор Кармен Харингтон, вели дека луѓето најчесто прават една грешка поради која и покрај тоа што спиеле доволно се будат уморни.

Грешката е во тоа што не се будите секогаш во исто време.

„Поголемиот дел од луѓето не знаат дека времето на станување наутро значително влијае на тоа кога навечер ќе можеме да заспиеме“, вели докторката Харингтон.

Таа објаснува дека кога ќе видиме утринска светлина нашиот мозок го „исклучува“ производството на мелатонин, а токму тоа исклучување го регулира нашиот внатрешен 24-часовен часовник.

Проблемот е со тоа што се нарушува вашиот циркадијален ритам, а тоа има сериозни нуспојави.

Имено, ако биолошкиот часовник не се ресетира секое утро во исто време, тоа влијае на спиењето, на чувството на глад, а притоа негативно се одразува и на вашите вештини и мотивација.

Затоа конзистентноста е најголемата „тајна“ за добар сон, а најважно е да бидете одговорни кога станува збор за времето за заспивање и будење.

„И двете работи се важни, бидејќи диктираат колку ќе спиете. Меѓутоа, начинот на кој времето на будење влијае на тоа кога навечер ќе легнеме во кревет, сепак е малку поважно“, вели Харингтон.

Поради тоа, таа препорачува времето на будење наутро да не варира повеќе од еден час.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top