Зошто сте зависни од смартфони?

sma.jpg

Повеќето од вас досега прочитале дека смартфоните ве прават депресивни, анксиозни, осамени и несигурни. Сепак, повеќето од вас се спремни да поминат половина од денот наведнати над екраните, пребарувајќи по социјалните мрежи.

Ако почнете да ги читате сите статии и истражувања за тоа колку се штетни смартфоните, веројатно ќе полудите уште во првиот половина час. Исто така, веројатноста е голема дека истражувањето ќе го читате на вашиот смартфон, што дополнително предизвикува паника.

Сепак, вистинската причина за вашата зависност од смартфони има многу малку врска со телефонот, а многу голема врска со вашиот мозок.

Науката тврди дека опсесивната посветеност кон телефонот е причинета од еволутивната зависност од социјализација со други луѓе, како и потребата да се биде виден од другите и да се надгледуваат луѓето истовремено.

Самуел Веисиер, главен истражувач и професор на МекГил универзитетот во Канада, вели дека прекумерното време кое луѓето го поминуваат гледајќи во смартфоните нема многу голема врска со нотификациите, ниту со задоволството кое го добиваат од таа активност, туку тоа се случува поради потребата од други луѓе. Според него, ваквата потреба е присутна кај секој човек, само што смартфонот е платформа преку која се задоволува импулсот.

Некои истражувања велат и дека е комплетно погрешно да им се дава на малите деца да си играат со смартфони, бидејќи е исто како да им се даде грам кокаин. За кратко време, детето ќе се „навлече“ на сите можности кои ги нуди смартфонот и потоа животот ќе му стане многу потежок.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail