Зошто стискањето акни е опасно по живот!?

akn.jpg

Најмногу проблеми со акните имаат тинејџерите, но акните можат да се појават во текот на целиот живот. Многу луѓе наместо да ги остават да поминат сами по себе, одлучуваат да се ослободат од нив со стискање. Дерматолозите предупредуваат дека во некои случаи тоа може да биде екстремно опасно. Еве и зошто. 

Лузните што може да останат по стискањето на акните се неизбежна трага што ја остава овој чин. Во екстремни случаи тоа може да предизвика инфекција бидејќи кога ги стискате акните, на тоа место правите дупка на кожата и бактериите од раката ги доведувате во директен контакт со раната.

На лицето постои таканаречен „триаголник на смртта“, кој се нарекува така затоа што ако при негувањето дојде до инфекција, последиците можат да бидат фатални.  Крвните садови во овој дел водат до задниот дел на главата, па се до мозокот, а во овој дел се наоѓаат и синусите. Ако не се воочи и не се излекува навреме, инфекцијата на синусите може да доведе до сериозни проблеми: парализа, губење на видот, па дури и смрт.

Исто така, вените што се наоѓаат во делот на носот, очите и устата се во директна врска со мозокот, па бактеријата која на тој начин ќе влезе во организмот може да биде многу опасна за мозокот.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ КУБЕЊЕ НА ВЛАКНАТА ОД НОСОТ

Носот е полн со штетни бактерии што се задржуваат на влакната на носот. Влакната спречуваат бактериите да продрат подлабоко во вашиот организам, па тие се и повеќе од пожелни. Секако, ако влакната почнат да ѕиркаат од носот, можете да ги скратите со ножички, но никако не ги кубете од корен со што предизвикувате крварење во носот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top