Зошто телефонот ни се исклучува кога уште имаме батерија?

tel.jpg

Сите сопственици на паметен телефонот имаат научено на потежок начин дека на дисплејот каде пишува колку проценти батерија имаме, не може да му се верува.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Ако некогаш телефонот ви се исклучил а сè  уште сте имале 20% батерија, еве зошто е тоа така:

Според една неодамнешна изјава од Wirecutter, процентот што го гледате на дисплејот е само една обична проценка и не може да му верувате во потполност.

Кога пишува дека на вашиот телефонот имате уште 50% батерија, тоа е многу специфично и според тоа вие си го планирате времето и колку ќе го користите телефонот, меѓутоа не можете да знаете сигурно. Единствен начин како би знаеле е ако вградите сензор во батеријата на телефонот.

Фирмите кои ги произведуваат паметните телефони не го прават тоа. Наместо тоа, тие се служат со алгоритми кои мерат колкав простор од батеријата се користи врз основа на износот на напонот што го емитира.

Овој начин најчесто дава многу приближни процени, но тие не се точни во целост. Фактори како типот на батерија или колку го користиме телефонот придонесуваат на тоа колку брзо батеријата ќе се испразни.

Најдобар начин да се заштитите од тоа и да не ве остави телефонот на цедило е да не дозволите телефонот воопшто да ви влезе во црвената зона под 20%. За да ја заштитите вашата батерија долгорочно немојте да го користите телефонот на екстремно ладно или топло време.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top