Зошто треба да пиете кафе пред тренинг?

img-339833.jpg

Ново истражување покажа дека кафето е добар избор избор за пијалак пред вежбање и ги подобрува перформансите при тренингот.

Научниците веќе некое време не можат да се усогласат по прашањето дали кафето е добро за здравјето или не, но новото истражување натежнува на страната дека е многу корисно.

За да го потврди тоа, психологот Бруно Гулано ја поделил групата велосипедисти во три групи: оние кои пиеле помалку од една шолја кафе дневно, оние кои пиеле кафе умерено (до две шолји дневно) и оние кои пиеле повеќе од три дневно.

Наместо кафе, на велосипедистите им била дадена кофеинска пилула во која се содржи кофеин колку четири шолји кафе, пласебо пилула или не им дале ништо.

Потоа возеле велосипед додека не согореле 450 калории, по три пати, за да ги тестираат трите опции (кофеинска пилула, пласебо или ништо).

Гулано открил дека сите велосипедисти возеле побрзо по земањето кофеинска пилула: брзината што ја постигнувале тогаш била за 3,3 отсто поголема отколку кога не примале кофеин, и 2,2 отсто поголема во однос на пласебо пилулата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail